Практични совети за водење дизајн тимови

Александра Христов

@ UXplore

16.02.2023 | Netaville, Skopje

/whoami

 

Computer Engineer

Web designer

Front-end developer

UX Designer & Engineer

UX Architect

Co-head of UX

Design Director

NN/g Certified UX Manager

...

Пoвеќе на @ creative talks #3

Постојат два начина како се станува „менаџер“


Се трудиш, трудиш, трудиш и докажуваш и добиваш унапредување

1

Начин


Се вработуваш како прв [вметни улога] во компанијата :)

2

Начин

Забелешка:

За сѐ од оваа презентација може да важи и обратното - што да барате/очекувате од вашите претпоставени.

Станав „менаџер“... 

 

...и сега што?

"Yeah, if you could go ahead and come in on Saturday, that'd be great."

Истражи

1

Запознај ја компанијата и сите
клучни луѓе

  • Кој донесува одлуки?
  • Кој ќе те поддржи?
  • Со кого ќе имаш спротивставени ставови?
  • Дали твојата претпоставена е во линија со нејзиниот претпоставен?
  • Кого да контактираш во одредена ситуација?

Луѓето околу тебе

  • Дали ќе имаш насока и „ѕвезда водилка“?
  • Дали луѓето кои донесуваат одлуки „знаат што прават“?
  • Дали е јасно местото на пазарот?
  • Дали постои стратешки план за иден развој на компанијата или продуктот?
  • Дали етички ти одговара бизнисот?
  • Дали вреди?

Визија и стратегија

  • На кои начини се заработуваат $$$?
  • Кој е моделот на поставување цени?
  • Кој е совршениот клиент?
  • Која е стратегијата за маркетинг?
  • Кои сѐ оддели се вклучени?
  • Кој и како комуницира со клиентите?

Темелите на бизнисот

  • Како вработените комуницираат меѓу себе?
  • Како функционираат заедно?
  • Дали ценат отвореност?
  • Дали постојат процеси?
  • Дали читаат документација?
  • Дали си викаат „здраво“? :)

Компаниска култура

  • Како дизајнот е вклучен во визијата и процесите?
  • Како вработените и клиентите ги гледаат дизајнерите?
  • Кој сѐ одлучува во врска со насоките на развој на продуктот и неговиот UX?
  • Кој сѐ одлучува за конечниот кориснички интерфејс?

Каде припаѓа дизајн(ер)от?

Истражи

1

Запознај ја компанијата и сите
клучни луѓе

2

Запознај го проектот / производот 

  • Индустрија
  • Времетраење
  • Големина и улоги на тимот (тимовите)
  • Очекувања од компанијата
  • Очекувања од клиентите
  • Моментални и идни задачи/проекти во проектот/производот (roadmap)

Проект или производ

  • Исчитај документација!
  • Стави се во „чевлите“ на различни типови на корисници
  • (Ако е дигитален производ) Побарај податоци за влез и искликај го, дознај го патот на корисниците
  • Направи си листа на работи кои те измачиле при првото искуство :)

Функционалности

Истражи

1

Запознај ја компанијата и сите
клучни луѓе

2

Запознај го проектот / производот 

3

3

Запознај го (или состави го) твојот тим

Постави си цели за регрутација

  • Каков проект/тим?
  • Каков профил?
  • Колку искуство?
  • Дали можеш/имаш време да менторираш?
  • Колку имаш буџет?
    (секогаш има буџет)

*намерно е stock photo :D

Не се плаши од вработување на луѓе кои ги надополнуваат твоите слабости.

Доколку не можеш да најдеш идеален кандидат, направи компромис, но не за критериуми или луѓе кои не се во линија со твоите вредности.

Запознавање едни со други

  • Редовни состаноци
  • Работилници и вежби
  • Заеднички формулирани „Принципи на дизајн“
  • Адаптација на култура
  • Дружење :)
    • во живо и online

Состаноци

  • 121s

  • Weekly Sync

  • Design System decisions

  • Design Feedback

  • Creative Jam

Комуникација

  • Редовни 121/Bila и ретроспективни состаноци
  • Искреност (не бруталност) и држење до даден збор
  • Реакција на суптилни аларми
  • Отворени пофалби и приватни „критики“, поставување цели за подобрување (feedback)
  • Менторство, наместо корекција во рамките на целиот тим (сите се учиме како се ловат риби)
  • Сносување одговорност како донесувач на лоша одлука или во името на тимот кој донел лоша одлука

Кариерна патека

  • Поставени јасни очекувања и скалила соодветни на организацијата
  • Дефинирана секоја улога, ниво и потребни вештини
  • Поставување полугодишни и годишни цели
  • Соодветна компензација
  • Носење тешки одлуки за нечија иднина

Истражи

1

Запознај ја компанијата и сите
клучни луѓе

2

Запознај го проектот / производот 

3

3

Запознај го (или состави го) твојот тим

4

Запознај ги клиентите и вистинските корисници

Работи си ја работата

*или биди во тек и следи ја работата на тимот :)

Главни задачи

Да им овозможиш на дизајнерите (од твојот тим) да си ја бркаат работата.

1

  • Алатки за работа
  • Дизајн систем
  • Репозиторија (архива) на наоди од истражувања
  • Култура на позитивна критика
  • Меѓусебно споделување знаење
  • Буџет за дополнително образование

Овозможување

Да им помогнеш на останатите да разберат зошто треба да ги остават дизајнерите (од твојот тим) да си ја бркаат работата.

2

  • Како да течат информациите помеѓу различни профили и оддели во вистинското време
  • Влијание на дизајнот врз бизнисот
  • Презентации и едукација за дизајн процеси
  • Работилници водени од дизајн(ерки)
  • Документирање донесени одлуки
  • Редовни состаноци / комуникација
  • Отворен календар
  • RACI framework

Олеснување / помагање

Мала проверка

Со темелите на DesignOps

*зошто е битно да се продолжи со образованието

Burnout & self-care

*како вистински Миленијалец

  • Kога знаеш дека тераш во точен правец но немаш поддршка од „горе“
  • Кога добиваш тапкање по рамо, но не и конкретна акција
  • Кога маваш со глава во ѕид
  • Кога ги примаш сите туѓи проблеми на свој грб
  • Кога твои (грешни) одлуки влијаат на туѓи животи
  • Кога мислиш дека можеш сѐ, на сметка на сонот и грижата за себе

Како се гори?

Што тогаш?

На прво место: одмор

Потоа...

  • Комуникација, приоретизација, разбирање, емпатија
  • Тргни од идејата дека секој го заслужува местото на кое се наоѓа, но... прилагоди го односот ако не е така
  • Не си земај при срце дека луѓе ја напуштаат компанијата, не значи дека те напуштаат тебе
  • Секогаш биди на страната на тимот; компанијата е променлива, врските што си ги изградил остануваат
  • Ако ништо не успева и не си среќен/на во одредена средина, смени ја. (Фала, Gen Z!)

Колку и да си добар дизајнер, не значи дека ќе бидеш добар менаџер

 

Ако си добар менаџер, можеби ќе бидеш и добар лидер :)

Фала ✨

@alexhris

medium.com/@alexhris

Made with Slides.com