Задачи за подготовка за контролен тест на тема „Кружница и многуаголник Плоштина“
Успешна работа
проф. Снежана Златковска
ООУ„Илинден“ Крива Паланка
1. Пресметај ги должините на дијагоналата, страните и периметарот на правоаголник со страни а=12 cm и b=5 cm.
2. Пресметај периметар и плоштина на рамнокрак триаголник со основа 5 dm, краци 0,65 m, a висина на основата 0.6 m .
3. Висината на рамностран триаголник е 3,4 cm, a периметарот е 12 cm. Колку е плоштината?
4. Периметарот на правоаголен триаголник е 3 m, хипотенузата е 1,25 m, a една катета 0,75m. Колку е плоштината?
5. Плоштината на правоаголен триаголник е 1,5 cm2, една катета 1,5 cm, a хипотенузата 2,5 cm. Колку е периметарот?
6. Краците на рамнокрак триаголник се долги 13 dm, висината на основата 12 dm, a плоштината е 60 dm2. Пресметај ја основата и периметарот
7. Плоштината на правоаголен триаголник е 60 cm2, периметарот 40 cm, a една катета 15cm. Колку е долга хипотенузата?
8. Пресметај периметар и плоштина на ромб чија страна е долга 3/5 m, a висина 3 m.
9. Пресметај периметар и плоштина на трапез чии основи се долги 3,51 dm и 0,071 m, краците 0,3 m и 0,26 m, a висина 2,4 dm .
10. Периметарот на паралелограм е 14,22 dm, една страна е b = 2,2 dm, a висината 1,7 dm. Колку изнесува плоштината?
11. Периметарот на квадрат е m. Колку изнесува плоштината?
12. Периметарот на правоаголник е 30 cm, a една негова страна е три пати помала од периметарот. Пресметај ја плоштината на тој правоаголник.
13. Колку изнесува периметарот на ромбот ако плоштината е 7,2 dm2 , a висината 0,9 dm?
14. Краците на рамностран трапез се долги 5 cm, подолгата основа е 14 cm, висината 4 cm, a периметарот е 32 cm. Пресметај ја другата основа и плоштината
15. Основите на трапезот се долги 30 cm и 5 cm, краците 15 cm и 20 cm, a плоштината 210 cm2. Пресметај ја висината и периметарот.
16. Плоштината на трапезот е 52,5 cm2, a висината 6 cm, краците 7,5 cm и 10 cm, a подолгата основа е 15 cm. Пресметај го периметарот.
17. Плоштината на правоаголен триаголник е 30 cm2 , периметарот 30 cm, a една катета 12 cm. Колку е долга хипотенузата?
18. Периметарот на правоаголник е 37 cm, a една страна е 9,1 cm. Пресметај ја плоштината?
19. Краците на рамнокрак трапез се долги 5 cm, висината е 3 cm, подолгата основа е 14 cm, a плоштината 30 cm2. Пресметај го периметарот.
20. Пресметај плоштина на правилен многуаголник со страна а=3,4cm aко
n=4 b. n=5
21. Пресметај ја страната на триаголник ако плоштината на триаголникот е 342cm2 и соодветната висина е 24cm.
22. Основите на трапезот се 25 cm и 29 cm, a плоштината е 256 cm2. Определи ја висината на трапезот.
23. Пресметај ја плоштината на ромб ако се дадени дијагонали 9,2 cm и 5 cm.
24. Пресметај ја плоштината на правилен шестаголник со страна 8 cm.
25. Пресметај ја плоштината на правилен десетаголник со страна 10 cm и апотема 3 cm.
26. Oпредели ја плоштината на рамностран триаголник со страна 4 cm.
27. Пресметај ја страната на квадрат со плоштина 144cm2.
28. Плоштината на рамностран триаголник е 9Ö3cm2. Пресметај ја страната на триаголникот.
29. Основите на трапезот се 36cm и 12cm, a кракот долг 7cm образува агол од 150° со едната основа. Пресметај ја плоштината на трапезот.
30. Колкава е плоштината на ромбот ако пократката дијагонала е 2,2 cm, а подолгата е пет пати поголема?
31. Пресметај ја плоштината на правилен шестаголник ако дијаметарот на опишаната кружница околу него е 8cm.
32. Определи ја плоштината на паралелограм со висина hb=7,5cm и страната b која е 30% oд hb.
33. Периметарот на еден правоаголник е 64 cm. Определи ја плоштината на правоаголникот ако должината му е три пати поголема од ширината.
34. Одреди ги периметарот и страната на правилен осумаголник со апотема 3 cm и плоштина 48cm2.
36. Периметарот на квадрат е 32,4cm. Пресметај ја плоштината на правоаголник со ширина еднаква на ⅓ од страната на квадратот и должина два пати поголема од неа.
37. Пресметај должина на кружен лак кој одговара на радиус од 4 cm и централен агол од 15°.
38. Дијагоналата на правоаголникот е 6cm., a eдна негова страна е 2,6cm. Пресметај го периметарот на правоаголникот и на кружницата опишана околу него.
39. Пресметај го радиусот на круг со периметар 15,7cm.
40. Должината на кружницата е 45cm. Колкава е должината на лакот чиј централен агол е 75°.
41. Пресметај ја плоштината на круг со дијаметар 10 cm.
42. Пресметај ја плоштината на кружен исечок ако се дадени r=2cm, α=60°.
43. Кружен исечок со централен агол 160° има плоштина 12,56cm2. Пресметај го радиусот.
44. Парче лим е исечено во форма на кружен прстен при кој радиусите се 30 cm и 50 cm. Тоа парче треба да се обои од двете страни. Колку боја ќе се потроши, ако за 1 cm2 се потребни 0,02 грама боја?
Подготовка за контролен тест „Кружница и многуаголник Плоштина“
By Sneze Zlatkovska
Подготовка за контролен тест „Кружница и многуаголник Плоштина“
- 11,066